Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики кон експретседателот на Македонија, Стево Пендаровски, посочувајќи дека неговите изјави претставуваат јасен доказ дека СДСМ го напушта својот прозападен курс. Според владејачката партија, Пендаровски не зборува само во свое име, туку ја отсликува новата политичка ориентација на СДСМ, која, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, се дистанцира од САД.
„Пендаровски од СДСМ со директни навреди кон Трамп и кон САД, дефинитивно СДСМ го напушти прозападниот курс.
Ако Орданоски беше случајност, Пендаровски од СДСМ покажува дека е тенденција. СДСМ силно застанува против САД, ако Орданоски го кршеше ледот, Пендаровски сега јасно кажува дека СДСМ е против САД. Сега станува јасно дека СДСМ лажно се претставувале како прозападни, а со нетрпение чекале момент да свртат курс.
Пендаровски не е кој било од СДСМ, неговиот став во исто време ја покажува и фрустрацијата на оваа партија кон ВМРО-ДПМНЕ и кон успешноста со која Владата се позиционираше до САД. Македонија со Владата на ВМРО-ДПМНЕ е верен партнер на САД, а придобивките за државата допрва ќе се гледаат.
Македонија е на вистинскиот пат, а СДСМ како и секогаш досега е против Македонија“, соопшти партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Прочитајте ја целата статија од изворот
