На регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во населбата Доброшане во Куманово, ноќеска околу 01:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.И.(21) од Куманово.
„При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица“, соопшти МВР.
По целосно документирање на настанот, како што се наведува во соопштението, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
The post 21-ГОДИШНИК ВОЗЕЛ СО АЛКОХОЛ ВО КРВТА Ќе добие пријава за безобѕирно управување со моторно возило appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
