Прочитајте како започна семејната приказна на Сител за „Трите сестри“

Во едно мало место крај Егејскиот брег, започнa приказната за трите сестри која ја следите на Сител телевизија од понеделник до петок во 21.20 часот.

Срдечна и топла приказна како што е и нивниот живот, како што е и нивното воспитување и безгрижните мигови минати по уличките во родниот крај, меѓу пријателите и соседите.

Емотивна приказна за Туркан, Донуш и Дерја, три млади девојки кои живеат среќно со својата мајка Несрин и таткото Садик. Но, времето секогаш пишува своја историја, па така и годините кои доаѓаат носат ветришта кои засекогаш ќе ги променат судбините на овие сестри.

Деновите кога трите сестри ги споделуваа своите радости, својата среќа и младешки тајни се чини дека завршуваат. И ништо повеќе нема да може да ги врати тие дни.

Богатото семејство Корман ја бара раката на Туркан за нивниот син Сомер.

Родителите прифаќаат, Туркан се мажи и заминува во замокот на Корманови, каде набрзо ќе сфати дека сонот кој го сонуваше одеднаш ќе стане вистински кошмар.

Сомер не ја сака својата нова сопруга и не може да го прифати тоа што му е наметнато, а таа, невината Туркан ќе се соочи со болната вистина која воопшто нема да биде лесна.

Нејзината свекрва по секоја цена ќе реши да го одржи тој брак, а презирот ќе стане мачен и неиздржлив за младата невеста.

Таа ќе мора да ги промени нештата и само така да се избори за својата среќа. Среќата која ја имаше во својата родна куќа, покрај своите родители и саканите сестри.

Но, тајната која долго време ја криеле родителите на трите сестри е на чекор да биде откриена.

Сенките од минатото носат неочекувани пресврти во кои сестрите ќе бидат ставени пред нови искушенија, но и нови разочарувања.

Семејната приказна за „Трите сестри“ е базирана на познат бестселер напишан од турската писателка и глумица која во серијата го толкува ликот на мајката на трите сестри.

Серија која за кратко време привлече голем број на обожаватели и успеа да ги спои животните драми во една безвременска телевизиска бајка.

Дани | ТВ Пакет

The post Прочитајте како започна семејната приказна на Сител за „Трите сестри“ first appeared on ТВ Пакет.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×