ИЗВОР: КАНАЛ 5
Катореја Хуто (31) во петокот наутро била видена како возела кон езерото Овиедо, каде што излегла од своето возило и скокнала од мост во водата. Нејзиното тело од водата го извлекол рибар.
Самоубиството предизвикало загриженост за нејзините петгодишни близнаци, кои биле пронајдени мртви во креветчињата во нивниот дом, објави NBC News.
Полицијата во куќата пронашла пиштол, а на телата на децата е наредена обдукција.
Близнаците Ахмед и Ајва биле деца со посебни потреби, а откриено е дека не оделе на училиште од 13 октомври.
Во куќата немало многу храна или мебел.
Бабата на близнаците ѝ изјавила на полицијата дека нејзината ќерка се борела со депресија.