Archives: Posts

24 анализа – Интервју со потпретседалот на владата задолжен за европски прашања Бујар Османи

Нема веќе изговори за земјава да не го почне преговорите за ЕУ во јуни, порача вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи од Брисел. Но, како секојдневните роднински и партиски вработувања во администрацијата кадешто се бара итни реформи. Законот за селективна амнестија за 27ми април, бегството на Груевски, паѓањето во вода на дел од случаите на СЈО […]

Read More

Притвор за 53-годишник осомничен за продажба на кокаин во Велес

Основното јавно обвинителство Велес отвори истражна постапка против 53-годишно лице, осомничено за нелегална продажба на наркотични дроги. Според обвинението, осомничениот на 29 ноември 2024 година неовластено продал речиси еден килограм кокаин на жител на Велес за договорена сума од 50.000 евра.

Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство, дел од средствата купувачот оставил на претходно договорена локација, пред да ја преземе дрогата. Кокаинот бил откриен при истрага и претрес во куќа на улицата „Петар Алчев“ во Велес, каде се утврдило дека бил преработуван во крек-форма, со помош на уште две лица.

– Против тие осомничени веќе е изречена првостепена осудителна пресуда, а со дополнителни дејствија се утврди идентитетот и на лицето кое првично ја продало дрогата, стои во соопштението од Обвинителство.

По предлог на јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес донел решение со кое на осомничениот му определил мерка притвор.

Read More

Нови учебници, интегрирање на вештачката интелигенција, воведување целодневна настава, најавува министерката Јаневска

Фокусот на Министерството за образование и наука е ставен на обезбедување квалитетни и достапни учебници, дигитализација на образовните процеси, подобрување на инфраструктурата и постепено воведување на целодневна настава за учениците од прво до петто одделение, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најавувајќи конкретни чекори за интеграција на вештачката интелигенција во наставата, како и законски измени во високото образование.

Јаневска, во вечерашното гостување на телевизија Сител, направи пресек на реализираните активности и најави нови реформи во образовниот систем. Од реализираното ги издвои дигитализирани процеси и услуги во министерството, дигитализирани услуги за учениците и студентите и склучените меморандуми за соработка со универзитети, невладини организации и странски институции.

Министерката потврди дека учениците ќе добијат учебници по сите предмети, вклучително и странски јазици. 

– Учебници дека ќе има по сите предмети, вклучително и странски јазици. Ќе има делумна промена на концепцијата, интегрираните предмети ќе бидат раздвоени, ќе има нови наставни програми, нови учебници за седмо одделение, рече таа.

Во делот на вештачка интелигенција, истакна дека во соработка со Универзитетот во Битола, ќе се изработат водичи за наставници и ученици за користење на ВИ со креативно размислување.

– Воведуваме и вештачка интелигенција во образованието, интерактивни учебници и насоки за вештачка интелигенција во регионалните центри, изјави министерката.
 
Јаневска најави дека се работи на воведување целодневна настава за учениците од прво до петто одделение. За таа цел, како што рече, ова лето ќе започне доградба на 25 училишта.

– Сакаме од прво до петто сите ученици да одат во целодневна настава. Ова е процес што ќе се одвива во следните четири години, рече таа.
 
Во врска со иселувањето на околу 17.000 ученици, таа потврди дека е тоа така, но посочи дека има и општини со зголемен број на ученици.

– Мрежата ќе се оптимизира – таму каде што има по пет ученици, ќе се затвораат училишта, но во Аеродром, Кисела Вода и Чаир ќе се градат нови, истакна Јаневска.
 
Информираше дека министерството е при крај со новиот Закон за високо образование, како и со законите за научно-истражувачка дејност и иновации.

Анализа: Какво сценарио следува ако повторно се одложи гласањето на извештајот за напредокот на Македонија?

Ако повторно се одложи гласањето на Извештајот за напредокот на Македонија тоа ќе значи негирање на македонскиот јазик и можна ескалација на односите со Бугарија. Домашните политички аналитичари велат дека таквото сценарио ќе претставува пораз за самиот Европски Парламент, како институција која континуирано го поддржува проширувањето на европското семејство. 

Експертите од областа ја оценија како позитивна резолуцијата која ја изгласаа Бугарите во Народното собрание, со која партиите се согласија целосно да се почитува Договорот за добрососедство. 

Инаку, гласањето за Извештајот за Македонија е закажано за 24 јуни, а беше одложено по предлог на известувачот Томас Вајц поради интензивни политички дебати, но и противења од страна на бугарските европратеници кои бараат во документот да се додаде придавката „сегашен“ македонски јазик и идентитет. 

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

Анализа: Какво сценарио следува ако повторно се одложи гласањето на извештајот за напредокот на Македонија?

Ако повторно се одложи гласањето на Извештајот за напредокот на Македонија тоа ќе значи негирање на македонскиот јазик и можна ескалација на односите со Бугарија. Домашните политички аналитичари велат дека таквото сценарио ќе претставува пораз за самиот Европски Парламент, како институција која континуирано го поддржува проширувањето на европското семејство. 

Експертите од областа ја оценија како позитивна резолуцијата која ја изгласаа Бугарите во Народното собрание, со која партиите се согласија целосно да се почитува Договорот за добрососедство. 

Инаку, гласањето за Извештајот за Македонија е закажано за 24 јуни, а беше одложено по предлог на известувачот Томас Вајц поради интензивни политички дебати, но и противења од страна на бугарските европратеници кои бараат во документот да се додаде придавката „сегашен“ македонски јазик и идентитет. 

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

Притвор за 53-годишник осомничен за продажба на кокаин во Велес

Основното јавно обвинителство Велес отвори истражна постапка против 53-годишно лице, осомничено за нелегална продажба на наркотични дроги. Според обвинението, осомничениот на 29 ноември 2024 година неовластено продал речиси еден килограм кокаин на жител на Велес за договорена сума од 50.000 евра.

Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство, дел од средствата купувачот оставил на претходно договорена локација, пред да ја преземе дрогата. Кокаинот бил откриен при истрага и претрес во куќа на улицата „Петар Алчев“ во Велес, каде се утврдило дека бил преработуван во крек-форма, со помош на уште две лица.

– Против тие осомничени веќе е изречена првостепена осудителна пресуда, а со дополнителни дејствија се утврди идентитетот и на лицето кое првично ја продало дрогата, стои во соопштението од Обвинителство.

По предлог на јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес донел решение со кое на осомничениот му определил мерка притвор.

Read More

Петрушевски: Кога СДСМ и ДУИ ќе пуштат директива, копи-пејст ПР-служба во служба на мафијата

Кога СДСМ и ДУИ ќе пуштат директива – а сајтовите на Мечка и Филип П ќе ја копираат со граматичка грешка. „Османи му на Мицкоски…“ – и што му? Му кимна? Му мавна?, пишува пратеникот Бране Петрушевски на социјалните мрежи. Тој вели дека недостасува зборот „одговори“, ама тоа не ги спречило, како што истакнува тој, […]

Source

Read More

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×