Archives: Posts

24 анализа – Дали е можен недостиг на храна?

Дали е можен недостиг на храна? Гости се Горан Малишиќ од мелничко пекарската индустрија, Румен Смилевски од Маслодајна Велес, Гоце Трајчев од месната индустрија и Билјана Додевска, државен секретар во Министерството за економмија. 24 Анализа на 24 Телевизија

Read More

Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина

– Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од двете страни во војната во Украина — и од Русија, и од Украина.

„Многу сум разочаран од Русија, но исто така и од Украина, бидејќи мислам дека можеше да се постигне договор со кој ќе се ставеше крај на конфликтот што произлезе од руската инвазија“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Претходно Трамп неколкупати тврдеше дека доколку повторно стане претседател, ќе стави крај на војната „во рок од 24 часа“, но не даде конкретни детали како би го постигнал тоа. 

Read More

Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности

Странските директни инвестиции во Албанија во првиот квартал годинава бележат зголемување во споредба со истиот период  2024 година.

Централна банка на Албанија објави дека странските директни инвестиции достигнаа 362 милиони евра во првите три месеци од  годинава, со зголемување од околу 2 отсто во споредба со истиот период минатата година.

„Новата капитална инјекција и реинвестирање се зголемија за осум милиони евра на годишно ниво“, се наведува во објавата на Банката.

Во вкупните странски инвестиции за овој период, инвестициите во недвижности водат со 97 милиони евра.

„Во текот на првиот квартал од 2025 година, девизните приливи во форма на странски директни инвестиции беа главно концентрирани во недвижности со 27%, секторот за финансиско посредување со 21%, хидрокарбуранти со 14%, енергија со 6% и транспорт со 4%“, објави Банката.

Read More

Средба на историчарите од Македонија и Бугарија

Македонските и бугарските историчари од мешовитата комисија на нова средба, овојпат во Скопје. По првиот ден од дводенвниот состанок, според бугарските историчари, не е постигнат никаков напредок. Откриваат дека побарале заедничко чествување и на Марко Цепенков, еден од најистакнатите македонски преродбеници од 19 век, но предлогот бил одбиен од македонските претставници на мешовитата комисија..

Состанокот продолжува и утре, за кога од македонскиот дел на комисјата најавија дека по завршување на состанокот ќе ја информираат јавноста за што разговарале со своите колеги од Бугарија. Досега, комисијата има постигнато договор за заедничко чествување за пет историски личности, Светите Кирил и Методиј, Цар Самоил, Св. Наум и Св. Климент.

Усогласени се и пет препораки за измени во учебнците за шесто одделение во Македонија и петти клас во Бугарија. Според Димитров, следна средба, комисијата ќе има наесен.

Денешната средба на мешовитата историска и образовна комисија е 36-та по ред. Беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство потпишан пред 7 години.

 

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 
Read More

Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум

Британецот Вишваш Кумар Рамеш (40), единствениот преживеан од уривањето на авион на Ер Индија во Ахмадабад, контактирал со семејството и им соопштил дека е „во ред“, изјави неговиот братучед Ајеј Валги за Би-би-си њуз.

Според весникот „Хиндустан Тајмс“, Рамеш преживеал, а Валги додаде дека тој бил сместен до својот брат на летот и дека има сопруга и мал син дома.

На прашањето дали Рамеш е единствениот преживеан, Валги рече: „Да, чувме така, но не можеме да потврдиме сè додека не добиеме официјална информација“. Тој истакна дека семејството е среќно што Рамеш е жив, но длабоко тажно поради судбината на неговиот брат. „Не ни е добро, сите сме вознемирени“, рече Валги, додавајќи дека чекаат информации за она што се случило со братот на Рамеш. „Многу сум вознемирен, тој не ми е само братучед, туку и брат и најдобар пријател“, изјави тој.

Read More

УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти

Бројот на луѓе што се вратиле во своите земји по претходно раселување поради воени конфликти е зголемен во 2024 година, соопшти денеска Агенцијата за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР), означувајќи редок позитивен тренд наспроти континуираното насилство во светот.

Според годишниот извештај „Глобални трендови“ на УНХЦР, во 2024 година се вратиле 1,6 милиони бегалци – најголем број во последниве две децении. Значителен раст е забележан и кај внатрешно раселените лица, со втор највисок број на враќања во земјата.

Трендот продолжил и во почетокот на 2025 година, особено со зголемениот број на враќања во Сирија по падот на режимот на Башар ал-Асад во декември 2024 година, рече високот претставник на УНХЦР, Филипо Гранди.

Агенцијата проценува дека речиси два милиона Сиријци се вратиле во својата земја, која претходно беше разурната од граѓанска војна. Гранди ова го оцени како „знак на надеж“.

До крајот на април 2025 година, вкупниот број на раселени лица во светот изнесувал 122 милиони, во споредба со 120 милиони една година претходно. Од нив, 60 отсто се внатрешно раселени, а две третини од оние што ја напуштиле својата земја живеат во соседни држави, наведува УНХЦР.

Во текот на целата 2024 година, бројот на раселени пораснал за седум милиони и достигнал 123,2 милиони лица.

– Главни причини за раселување и натаму се големи конфликти како оние во Судан, Мјанмар и Украина, како и неспособноста да се запре насилството – истакна Гранди.

Многумина што се вратиле во своите земји затекнале разурнати домови и инфраструктура. „Како последица на тоа, дел од нив би можеле повторно да бидат принудени да заминат“, додаде тој.

До крајот на 2024 година, Судан ја престигна Сирија како земја со најголем број раселени лица, поради жестоката борба за власт меѓу владините сили и бунтовничките групи.

Во Судан се раселени 14,3 милиони луѓе, во Сирија 13,5 милиони, во Авганистан 10,3 милиони, а во Украина 8,8 милиони.

Германската министерка за развој, Реем Алабали-Радован, изјави дека земји како Јордан, Либан, Етиопија и Кенија поднесуваат најголем товар и притоа вршат исклучителна работа.

Read More

Обвинителството и слепо и немо по признанијата од Рускоска дека Заев барал преквалификација за „27 април“

Обвинителството за гонење на организиран криминал и по втор пат се прави глуво и немо по признанието на нивната екс-шефица Вилма Рускоска дека поранешниот премиер Зоран Заев директно и се јавил да ургира и бара прекфалификација на делото за случајот „27 април„. Тој сакал наместо за тероризам, таа како главен обвинител во случајот да ги […]

Source

Read More

Се стравува дека нема преживеани во авионската несреќа во Индија

Се стравува дека нема преживеани во авионската несреќа која се случи изутрината во индискиот град Ахмедабад. Боингот 787 дримлајнер во кој имаше 242 патници и членови на екипажот кој требаше да лета за Лондон, експлодираше кусо по полетувањето. Спасувачките екипи се уште се на терен и трагаат меѓу остатоците. Локалните власти првенствено изразија сочуство до […]

Source

Read More

Апсења во Кочани за „Пулс“: 13 нови осомничени меѓу кои началници и полициски службеници 

Нови апсења за пожарот во Кочани. Приведени се началници и полицајци кои биле на смена кобната вечер. Според информации на Алфа, приведени се 13 лица: Т.Д (началник на крим полиција), Д.П (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М (началник на ОВР Кочани), К.Ј (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој […]

Source

Read More

Владата полека, но сигурно ги исполнува ветувањата – видливи резултати во економијата, здравството и образованието, но граѓаните бараат повеќе

Владата полека но сигурно ги исполнува ветувањата. Напредок во економијата, здравството, образованието – една година по формирањето на Владата – е забележлив, но високите очекувања на граѓаните и понатаму остануваат. Годишниот извештај од мониторингот на Finance thik за владините ветувања за првата година  покажа дека дел од целите и ветувањата се веќе ставени во функција, […]

Source

Read More

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×