VO CENTAR Stefan Vlahov Micov: Albancite se pod 14 otsto no Makedonija ke se federalizira!?

343
Published on 09/15/2020 by

Во Центар со Васко Ефтов: Интервју со Стефан Влахов Мицов – Албанците се под 14 отсто но Македонија ќе се федерализира!?

Историчарот Стефан Влахов Мицов проценува дека американскиот Претседател Доналд Трамп ќе ги изгуби изборите и дека целата состојба наликува како на периодот пред Втората Светска Војна.

Доналд Трамп ја заврши својата улога, вели Мицов. Во овие неколку години беше важно Русија воено да ја стигне и престигне Америка. Што и се случи. Така беше и во 30-тите години на минатиот век кога Германија за неколку години стана супериорна воена сила и по сценариото на тие кои владеат со светот Русија и Германија требаше меѓусебно да се уништат.

Во Македонија бројот на Албанците секој ден се намалува но тое не само што нема да доведе до ревизија на Рамковниот договор, туку Македонија ќе се федерализира. Последните анализи, од пред неколку години, покажуваат дека во Македонија живеет помалку од 14 отсто Албанци.

Македонецот прифати да живее како пиреј, вели Мицов, дури и се гордее дека е пиреј и дека успева да преживее. Но што е улогата на пирејот, прашува Мицов? Да служи за исхрана на други. За жал ни прифаќаме да сме храна за другите а не фактор кој ќе се бори за својата иднина. И постојано чекаме некој да дојде да ни ги реши проблемите.

Бугарите не можат да прежалат дека коските на Гоце Делчев се во Скопје, смета Мицов. Самите Бугари кажуваат дека Македонија е најдобриот дел на нивната историја. Што останува од историјата на Бугарија ако ја одземеме Македонија, прашува Мицов? Ништо! Затоа на бугарското радио по цел ден се вртат македонски песни.

Во светот сега се води биолошка војна. Ова е првата и тоа полесна фаза. Јас очекувам, вели Мицов, следната фаза да биде уште полоша.

Според Мицов двете големи партии не се на висината на историската задача и можеби е најдобро да се размислува за нивно укинување, бидејќи тие повеќе делуваат како акционерски друштва и бироа за вработување отколку како политички партии, оценува Мицов.

Нам како народ и држава ни тежи слободата, вели Мицов, и ние за жал не научивме како да си ја чуваме и браниме слободата.

Add your comment