VO CENTAR Kako bese rasturena i ograbena Makedonija!?

292
Published on 09/15/2020 by

Во Центар со Васко Ефтов: Како беше растурена и ограбена Македонија!?

Пред распадот на СФРЈ е направен оперативен план како државниот капитал да биде приватизиран од луѓе блиски и лојални на службите. На чело на тој проект беа сојузните служби УДБА и КОС. Реализацијата започнува по враќањето на тогашниот министер за одбрана Вељко Кадијевиќ од Москва, а тоа е пролетта 1991 година. Тогаш е веќе јасно дека СФРЈ ќе се распадне и требаше да се направи модел службите да продолжат да функционираат и во новоформираните држави. Затоа беше потребнно да се приватизират фирмите и да се стават под контрола медиумите.

Ова во емисијата Во Центар го објаснува Јанко Бачев, денес Претседател на партијата Единствена Македонија, а во периодот од 1994 до 2002 година вработен во државната безбедност. Според Бачев големата олигархија е формирана според оваа стратегија а членовите на таа олигархија беа најлојалните соработници на службите.

Тоа беа моќни служби вели Бачев, па дури и еден Здравко Чолиќ беше измислен и форсиран токму од страна на службите.

Киро Глигоров и Владо Камбовски беа дел од таа екипа, според Бачев, Глигоров бил соработник на службите со кодно име Гавран. Со помош на олигархијата од челната позиција на СДСМ беше сменет Петар Гошев, а со помош на големиот тутунски тајкун, Данчо Шутурков, на чело на партијата е донесен младиот Бранко Црвенковски.

Службите го сметаа Љубчо Георгиевски како неопасен, и сметаа дека преку двајца видни членови на највисокиот партиски орган на ВМРО ДПМНЕ со кодни имиња Боге и Администратор можат да ја контролираат и опозицијата.

Сите фирми се приватизирани нелегално, смета Бачев. Повеќе од 15 милијарди евра во овие 30 годиони се украдени од двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Тоа е голем грабеж на Македонија.

Според Бачев, на средбата со Милошевиќ, еден ден пред атентатот, Слободан Милошевиќ му нуди на Киро Глигоров да биде Претседател на таа скратена Југославија, но Глигоров тоа не го прифаќа.

Сите команданти на ОНА беа или членови на службата или беа контролирани од службата, вели Бачев. Уште во текот на војната 2001 година во еден стан на военото разузнавање во Гостивар, луѓе на Али Ахмети ( Талат Џафери и Острени ) и луѓе на Црвенковски ( Лазе Китановски,. Зоран Верушевски и Миле Зечевиќ ) правеа договори за освојувањето на власта по војната.

Според Бачев 1999 година со акциите на МВР и ДБК во 20 големи фирми беа пронајдени тешки криминали меѓутоа наместо тоа да се санкционира потоа тие фирми беа рекетирани.

Телекомот беше продаден на Маџарите за провизија од 40 милиони марки. Им беа продадени 51 отсто од акциите иако во тој момент таму беа разузнавачките пунктови на ДБК од каде се прислушкуваше, заклучува Бачев.

Add your comment