VO CENTAR Dzevad Galijasevic: Erdogan zgresi so Sveta Sofija!

315
Published on 09/15/2020 by

ВО ЦЕНТАР Џевад Галијашевиќ: Ердоган згреши со Света Софија!

Џевад Галијашевиќ е најдобриот балкански експерт за безбедност и тероризам. Одличен познавач на балканските но и приликите на Блискиот Исток.

Според Галијашевиќ, денес во светот постојат три големи блокови. На една страна се Русија, Кина и Иран. На друга страна се САД,Велика Британија и Израел. На трета страна се Германија, Франција и ЕУ.

Во моментот се случува војна до истребување на најголемата економска и најголемата политичка сила во светот. Се работи буквално за живот и смрт, вели Галијашевиќ. Тој што ќе ги изгуби изборите во Америка ќе нема светла иднина. Тоа го знае и Трамп но тоа го знае и екипата околу Бајден и длабоката држава кои функционираат во партнерство со Кина.

На Балканот доминира Германија. Бидејќи Меркел остана без логистиката на НАТО, на Балканот ќе се случува мигрантска криза а тоа се всушност поразените војници на исламската држава, вели Галијашевиќ. Тие ќе бидет ( во еден дел ) населени во нашиот регион и ќе служат како средство за дестабилизација на регионот.

Според Галијашевиќ, голема грешка е претворањето на Света Софија од музеј во џамија. На тој начин Ердоган нема ништо да постигне, смета Галијашевиќ, туку само ја турка Турција во нови поделби и конфликти.

На Русија и одговара таквата ситуација бидејќи со овој акт на претворање на Света Софија во џамија е удрен последниот колец во сандакот на Вселенската Патријаршија, вели Галијашевиќ.

Што ќе се случува со Косово, а следствено на тоа и со околните држави, ќе зависи од Германија, вели тој. Америка и екипата на Трамп сакаа решение со кое Србија нема да биде понижена, а тоа подразбира размена на територии, но Германија и Меркел не се согласуваа со тоа и го туркааат својот предлог. По изјавата на Харадинај на сите им е јасно дека косовските лидери се под патронат на БНД и Германија, додава Галијашевиќ.

Add your comment