POLITICKA ANALIZA so Vasko Eftov: Dali Zaev mu sprema svilen gajtan na Ali Ahmeti!?

328
Published on 09/15/2020 by

Политичка анализа со Васко Ефтов: Дали Заев му спрема свилен гајтан на Али Ахмети!?

Зоран Заев го промаши пеналот што му беше наместен да го шутира со случајот Империја, кога на послужавник ја имаше целата македонска опозиција, плус и бизнис структурата од времето на Никола. Груевски. И Заев го промаши тој пенал. Тоа го оправда со потребата да се обезбеди двотретинско мнозинство во Парламентот за промена на името.

Сега со случајот Еуростандард банка Заев има втор пенал. Тешко дека менторите и спонзорите ќе му простат ако и сега ја промаши работата. Од Претседателот Стево Пендаровски му стигна пораката, време е да паднат и да бидат осудени и неколку крупни глави од СДСМ.

На Заев му е тоа сосема јасно или ќе испорача резултати во борбата против криминалот и корупцијата или ќе ја испорача својата оставка. Во случајот Империја и Рекет виде колку може да биде силна олигархијата и таа политичка мафија. Тука може да биде или полковник или покојник. Трето нема.

Во таа битка Заев мора да коалицира со Али Ахмети. Тоа е и неприродна и многу непосакувана коалиција за двајцата.Заев можеше да купи неколку пратеници и да формира влада без ДУИ и Али Ахмети, но тогаш ќе ја свртеше целата македонска јавност против себе. Ќе му беше тешко да објасни дека не ги купил гласовите на изборите ако по изборите оди и ги купува пратениците. Затоа таа операција е оставена за подобри денови.

Ахмети успеа во владата да ги стави трите можни наследници на тронот во ДУИ: Фатмир Бесими, Бујар Османи и Артан Груби. Тие ќе треба да се борат меѓу себе кој ке биде втор човек во ДУИ и потенцијален наследник на Ахмети, а од другата страна ќе треба да учествуваат во демонтажата на таа политичко-криминална дивоградба која ДУИ ја има изградено во текот на своето 20-ет годишно владеење.

ДУИ сега ќе бдие во позицијата на ПДП од 1997 година кога останаа во власта а таа иста влада ги направи гостиварските случувања. Ќе видиме колку Ахмети и командантите ќе бидат имуни на власта ако мораат да изберат меѓу власта и одбрана на дивоградбата која сами ја граделе.

Миле Зечевиќ, кој без некое поголемо објаснување не е повеќе во шпицот на нападот на СДСМ, и Зоран Верушевски ( кој покажа дека не е човек на кој може трајно да му се верува ) Заев нема контрола врз безбедносните структури. Шеќеринска како министер за одбрана го контролира военото разузнавање, Пендаровски Агенцијата за разузнавање и Виктор Димовски новоформираната Агенција за национална безбедност. Тоа се луѓе кои долго време биле кадар форсиран од Бранко Црвенковски. За да има мирно море за владеење Заев ќе мора да расчисти со безбедносните структури кои се се уште лојални на Црвенковски и кои на овие избори работеа за Христијан Мицкоски.

Ова ќе биде голем тест за Заев. Виде како меѓународната заедница го пушти низ вода Мило Ѓукановиќ, а на Заев му даде уште една шанса. Ако сега ја промаши шансата ќе биде и тој некоја резерва во Будимпешта.

Add your comment