Kako Saso Mijalkov stana “najbogat covek” vo Makedonija!?

334
Published on 09/15/2020 by

Како Сашо Мијалков “стана” најбогат човек во Македонија!?

Сашо Мијалков беше сменет од шеф на военото разузнавање во текот на војната на Косово и бомбардирањето на тогашна СР Југославија, вели Љубчо Геоегиевски во последната емисија Во Центар.

На неговата смена инсистираше тогашниот амбасадор на САД во Македонија, Христофер Хил и тогашната министерка за внатрешни работи, Доста Димовска. Причината беше дека Љубе Бошковски како тогашен шеф на ДБК фати неколку камиони кои требаше де шверцуваат оружје во тогашна СР Југославија. Не знам дали за тој шверц беше информиран тогашниот министер за одбрана, Никола Кљусев, но за Мијалков имавме цврсти докази, вели Георгиевски. Поради тоа Мијалков беше сменет од шеф на военото разузнавање.

Неколку недели по тој настан, кај мене дојде неговиот прв братучед Никола Груевски, кој ме замоли, бидејќи е Мијалков останат без работа, а има семејство, дали може да му се најде некое работно место во владата. Така го ставивме Сашо Мијалков да биде советник во владата да може да преживее финансиски, вели Георгиевски во емисијата Во Центар и додава, а денес гледате колкаво е богаството на Мијалков.

Според Георгиевски тоќно е дека кога Сашо Мијалков беше шеф на военото разузнавање дека од Министерството за одбрана изчезна дел од опремата за прислушкување, но дали со таа опрема е реализирана операцијата Големото уво, не можам да потврдам или негирам, вели Георгиевски.

Add your comment