Нова систематизација и нов закон за полиција најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска од Тетово. МВР има недостаток на службеници кои ќе работат на терен вели министерот, а има превработеност во други сектори на министерството, а за да се примени системот „Безбедна држава“ треба да е обратно.