Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на увид на градежни активности на проектот „Изградба на локален пат за село Орман од клучка на ул. „Илинденска“ во село Волково до село Орман“, во вредност од 17.522.752 денари во Општина Ѓорче Петров. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.