Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски оствари средба со Александар Касаноф, Помошник државен секретар на САД за Западен Балкан. Во рамки на разговорите Мицкоски и Касаноф се осврнале на стратешките прашања од суштинско значење за Македонија, неопходната поддршка од долгогодишниот стратешки партнер САД, како и на актуелните предизвици со кои се соочува нашата држава и регионот.