[ad_1]
Broadcasted on November 17, 2025 (Monday) on MRT1 at 20.15.
Наодите на интерната комисија на Министерството за здравство дека во десет од пријавени 25 случаи станува збор за неправилно упатени на операција или непотребно оперирани пациенти со кардиоваскуларни дијагнози, ги потврдија наводите првично пласирани од кардиологот Сашко Кедев, но со оглед на тоа што беа соопштени малку информации, отворија и многу дилеми. За дел од нив, во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1, разговараме со министерот за здравство Азир Алиу. Зошто не ги соопштија имињата на болниците и докторите, колку се објективни наодите на комисијата со оглед на тоа што во неа членуваат доктори од потенцијално засегнати болници, дали половичните информации може да ги направат несигурни пациентите, кога треба да се очекува финалниот извештај, што би биле следните чекори (евентуални последици/санкции за инволвираните)… Со оглед на тоа што Алиу политички и припаѓа на ВЛЕН, го отвораме и прашањето за претстојното пополнување на испразнети места во Владата и евентуална промена на актуелни министри или ротација на ресори.
Емисија 360 Степени