Broadcasted on April 17, 2025 (Thursday) on MRT1 at 20.15.
Во ова издание на емисијата донесуваме:
Еден месец од трагедија во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани: Времето не ја намалува болката за загубените млади животи; градот живее безволно;
Проширена истрага за „Пулс“: Обвинителството инсистира на мегаслучај и „долгорочен каузалитет”, експерти предупредуваат дека тоа е влегување во опасна зона;
Кочани ги алармираше граѓаните да си го постават прашањето – дали се безбедни објектите во кои живеат – прва во низата стории на „360 степени” е за семејство кое, иако не се согласило, мора да живее во зграда градилиште:
Има ли политика во одлуката на Советот на Струмица, на предлог на градоначалникот, да го разреши Организацискиот одбор на струмичкиот карневал;
„Саботажа“.
Емисија 360 Степени