[ad_1]
Broadcasted on February 2, 2026 (Monday) on MRT1 at 20.15.
Зошто Владата одбива на активен начин да се вклучи во дијалогот меѓу работниците и работодавачите и вели дека ќе поддржи се што ќе се договорат тие во однос на минималната плата, дали Владата би ги покрила придонесите ако работодавачите се согласат да го покријат нето делот од зголемувањето и персоналниот данок, зошто ВМРО-ДПМНЕ имаше еден став во 2022 година кога со политичка одлука беше зголемена минималната плата, а друг став сега? Ова се дел од прашањата на кои одговара министерката за финансии и потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска, која гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Разговараме за причините за реализацијата од околу 66% на капиталните расходи од буџетот за 2025 година и проекцијата за оваа година, вклучувајќи ја изградбата на автопатите од „Бехтел и Енка“ и инфраструктурните проекти за општините (чија беше проценката дека е возможно на годишно ниво да се реализираат по 250 милиони евра за таква намена). Тема во интервјуто се и проектот „брза пруга“, причините за оддолжувањето на процесот на потрага по кредитор, плановите за изградба и реновирање на болниците во Кичево, Тетово и Штип, како и најавите за инвестиции од Обединетите Арапски Емирати. Министерката ја прашуваме и дали судството и јавното обвинителство веќе оваа година ќе добијат повисоки буџети и согласности за нови вработувања.
Емисија 360 Степени