[ad_1]
Broadcasted on December 8, 2025 (Monday) on MRT1 at 20.15.
На денот кога се слави делото на Свети Климент, еден од првите средновековни словенски писатели, просветители и научници, создавач на Охридската книжевна школа позната како Прв словенски универзитет, во „360 степени“ гостува Сашко Кедев. Интервентен кардиолог, професор на Медицинскиот факултет при УКИМ, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите, поранешен пратеник во Собранието, кандидат за шеф на државата на изборите во 2004 година, алпинист, искачувач на четиринаесетте највисоки планински врвови во светот над осум илјади метри, а од неодамна и носител на државното одликување – орденот „8 Септември“. Разговараме за случајот со операциите на срце без медицинска основа што го обзнани Кедев – дали постапката што ја води Министерството за здравство ветува расчистување, дали десетте потврдени примери се вистинските размери на оваа појава, треба ли да има санкции за инволвираните болници и доктори, има ли и непотребни стентирања. Тема се и неговото искуство од политичкиот ангажман, подвигот со искачувањето на четиринаесетте највисоки врвови и неговата животна филозофија.
Емисија 360 Степени