Broadcasted on February 03, 2025 (Monday) on MRT1 at 20.15.
СДСМ е во најтешката криза од основањето по поразот на ланските избори. Среде обидите да ја реорганизира и крене партијата, новото раководство наесен ќе се соочи со нов сериозен предизвик – локалните избори. Што ќе биде успех за СДСМ на овие избори, е една од темите за кои разговараме со новиот генерален секретар на партијата Александар Саша Димитријевиќ, кој гостува во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1. Зошто левицата е во криза на глобално ниво, што беа главните причини за изборниот дебакл, колку е искрено дистанцирањето од ДУИ, се меѓу прашањата за Димитријевиќ. Разговараме и за случајот со загинувањето на 22-годишната Фросина Кулакова, контроверзниот настап на Мирослав Додик на Свети Сава во Скопје, како и за согласноста на СДСМ за предлог-составот на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за кој дојде критика од ЗНМ.
Емисија 360 Степени