Broadcasted on March 27, 2023 (Monday) on Alsat TV at 22.10.
Во ова издание:
– Дали конзорциумот предводен од „ИРД инженеринг“ со лажни податоци победил на тендерот за надзор на автопатите на „Бехтел и Енка“: За „Електра солушнс“ навеле дека има 32 „перманентно вработени“, а таа лани, според годишната сметка, во просек имала двајца вработени;
– Десетици експерти од конзорциумот на „ИРД инженеринг“ се веќе ангажирани на тековни надзори и за нив е потпишана гаранција дека ќе бидат на целосно располагање на тие проекти, ослободени од сите други обврски; Како тогаш ќе бидат надзор и над „Бехтел и Енка“;
– Има ли МВР капацитет да ги замени сите документи до февруари в година согласно Преспанскиот договор: Од Министерството велат дека ќе работат и во втора и трета смена, а ако треба и за викенди и празници;
– Кога Македонија е Запад за некого: Сторија за стотината студенти од Пакистан и Таџикистан на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово;
– „Саботажа“.
Емисија 360 Степени