Broadcasted on December 12, 2022 (Monday) on Alsat TV at 22.00.
Во ова издание донесуваме:
– Анонимен испраќач до „360 степени“ го достави списокот што го бараат многумина – на правни субјекти (јавни и приватни) што се префрлиле од слободниот на регулираниот пазар на струја за да плаќаат помалку;
– На прагот е зимскиот распуст, а сè уште нема едно чудо учебници – како функционира наставата кога недостига главното помагало – слика од терен;
– Зошто доцнат учебниците и ќе ги има ли во второто полугодие – прашања во интервјуто со министерот за образование Јетон Шаќири;
– За животната мисија на добитниците на државната награда за човекови права „Мето Јовановски“ – Ленче Здравкин и Денис Јанкуловски;
– „Саботажа“.
Емисија 360 Степени