Broadcasted on November 21, 2022 (Monday) on Alsat TV at 22.00.
Во ова издание:
– Една година по несреќата на автобусот на „Беса транс“ во Бугарија во која загинаа 45-мина: Истрагата на бугарското обвинителство не е формално завршена, но вината ја лоцира кај возачот; адвокати на семејства на загинатите велат дека не смеат да се занемарат неправилностите на патот;
– Советот на јавни обвинители на прва седница по отворените критики од американската амбасадорка за изборот на Ислам Абази: Шефот Антонио Јолевски ниту се согласува ниту не се согласува со оценките на Агелер;
– Во пресрет на Денот на албанската азбука – колку институциите водат грижа за квалитетот и стандардите кога се обраќаат на албански;
– Кратко интервју со Мартин Шулц, поранешен претседател на Европскиот парламент, за македонската бескрајна европриказна;
– „Саботажа“.
Емисија 360 Степени