Broadcasted on November 07, 2022 (Monday) on Alsat TV at 22.00.
Во емисијата донесуваме:
-Единаесет илјади работници секој месец земаат плата под законски гарантираниот минималец – зошто Владата, од една страна, се фали со зголемување на минималната плата, а од друга, ги толерира работодавачите што го кршат законот;
-„Македонија во мало“ – присуствуваме на состанок на станарите и раководството на државниот пензионерски дом во Аеродром;
-Пет и пол години по објавата дека се отвора, новата зграда на државните Електрани (некогаш ЕЛЕМ, денес ЕСМ) се уште не е во функција – зошто објектот за кој се потрошени 17 милиони евра фаќа пајажини;
-Што донесе лидерската средба во Собранието;
-„Саботажа“.
Емисија 360 Степени