Broadcasted on October 10, 2022 (Monday) on Alsat TV at 22.00.
Во ова издание објавуваме:
– Каква полза (ќе) има државата од конфискуваниот имот на Сашо Мијалков кој е под хипотека: директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани, гласно прашува – кој би купил имот што не е чист и влече паралели со случајот „Труст“ и Сеад Кочан;
– Што открива извештајот за работата на домашната канцеларија за контакт со Европравда (Eurojust) – каде напредува, a каде потфрла Северна Македонија во борбата со меѓународниот криминал;
– Во Тетово недостига сообраќајна култура, но и паркинг-простор: До каде е реализацијата на предизборното ветување на Билал Касами за изградба на катни гаражи;
– Малите семејни винарници – одговор на хроничните проблеми во лозарството: Репортажа од Тиквешко;
– „Саботажа“.
Емисија 360 Степени