Broadcasted on April 08, 2022 (Friday) on Alsat TV at 22.00.
Ова издание е тематски поделено на два дела:
-Првиот сегмент е посветен на предупредувачкиот протест на Синдикатот на УПОЗ и барањето за зголемување на платите по растот на минималната плата на 18 илјади денари, во кој дебатираат претседателот на овој синдикат, Трпе Деаноски, и министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити;
-Вториот сегмет е посветен на неколку актуелни случаи (Палермо, Бесмира Ејупи, приватизација на државно земјиште кај НИП „Н. Македонија“, „Трансмет“…) и на годишните извештаи на Државната комисија за спречување на корупцијата, во кој разговараме со претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, и членката Катица Николовска.
На крај е и новата „Саботажа“.
Емисија 360 Степени