Broadcasted on April 29, 2024 (Monday) on MRT1 at 20.15.
Пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори закажани за 8 мај, во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1, во посебни интервјуа, гостуваат лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски. Зошто, без да го почека резултатот од парламентарните избори, ја избра коалицијата на опозициски партии на Албанците „Вреди“ за партнер во влада и дали ако коалицијата на ДУИ има поголем број пратеници од „Вреди“, нејзино изоставање од владата ќе значи потценување на гласот на Албанците – се некои од прашањата упатени до Мицкоски. Ковачевски, пак, го прашуваме – со оглед на повиците до граѓаните уште еднаш да размислат за кого ќе гласаат на 8 мај, зошто мисли дека не размислиле добро пред да се изјаснат на 24 април и зошто не го критикуваше однесувањето на некои функционери на ДУИ додека беше премиер, туку тоа го прави сега.
Емисија 360 Степени