Broadcasted on January 29, 2024 (Monday) on MRT1 at 20.15.
„Ако е приоритет за граѓаните – да, ќе присуствувам на седница на Влада“, вели министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски, прашан за најавите од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека министрите од опозициската партија нема да му даваат отчет на премиерот Талат Џафери ниту да одат на владини седници. Го прашуваме како токму тој стана министер и како ги коментира наводите од СДСМ дека клучна била пријателската релација со Мицкоски. Во интервјуто за „360 степени“ на МРТ 1, Тошковски зборува и за тоа како поминала средбата за примопредавање со Оливер Спасовски, како и онаа со дополнителниот заменик-министер од СДСМ, Митко Бојмацалиев, со кого, според Законот за Влада, се упатени на соработка за прашањата поврзани со изборите. Новиот министер одговара и на прашања за атмосферата на вчерашната собраниска седница за избор на владата и зошто го нема на заедничката фотографија. Тема е и замената на личлните документи и што планира да преземе за олеснување и забрзување на тој процес.
Емисија 360 Степени