[ad_1]
Училниците празни, училишпните клупи без ученици, ова е сликата во најголем дел во школите во земјава. На генералниот штрајк на СОНК се приклучија над 25 000 просветни работници. Настава немаше, но наставниците беа на своите работни места. Велат училниците денеска остаа празни, но не по нивна вина. Во некои училишта сепак образовниот процес течеше непречено. Учениците дојдоа на училиште, кај оние наставници кои денеска решија да не штрајкуваат. Според СОНК минорна е бројката на оние вработени во образовцниот процес кои денеска сепак одлучија да работат. Денот не поминал без притисоци особено во градинките. Од синдикатот најавија кривични пријави за секој што ќе се обиде да го спречи штрајкот.
Гости се заменикот министер за образование Лулзим Алиу, Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Талески од СДСМ и аналитичарот Албер Муслиу.
24 Анализа на 24 Телевизија