Кој попрво и кога ќе добие финансиско парче од петтиот пакет економски мерки? Дел од бизнисите пред колапс. Како ќе се спасат работните места? Поради ковид кризата речиси 18.300 луѓе ја загубиле работата. Газдите на фирмите бараат директна финансиска помош за плати. Државата нуди нов модел. Секојдневни протести на организаторите на настани. Не бараат милостина, но велат бараат помош за егзистенција. Усвојувањето на петтиот антикризен пакет задоцни. Дел од фирмите не ги исплатија февруарската и мартовската плата. Второто тромесечје почна, здравствената криза не заврши. Какви денови го чекаат бизнисот? Дали планираните финансии ќе бидат доволни за вакцинација на економијата?
Дебатираа Крешник Бектеши – министер за економија, Лазар Јовевски – професор, советник во ВМРО-ДПМНЕ, Петар Георгиевски – Камиказа, музичар, Маријана Перковска – Кластер за текстил.
24 Анализа на 24 Телевизија