Во моментов не е време за отворање на Уставот – им порача шефот на државата и на пратениците и на политичките елити – како отворањето на највисокиот правен акт кој го наметнува официјална Софија, повторно е тема за поткусурување и исполнување на партиски желби? Колку преговорите на ВМРО-ДПМНЕ за една изборна единица се маркетиншки трик, но и колку поддршката на СДСМ за измена на изборниот модел кој е ветување од изборите во 2016. е вистинска – особено кога партиите од албанскиот блок се против? Зошто ДУИ тактизира и молчи на темава – играат ли со СДСМ „добар и лош полицаец”? Зошто Пржинската Влада за која сите тврдат дека е нефункционална да престане да постои, како тоа ќе влијае на договорот Ахмети – Заев за премиер Албанец 100 пред избори? Ќе успее власта да издржи до 2024. или ќе се оди на предвремени избори?
Во 24 Анализа пратеничка дебата со пратеници од четирите парламентарни партии на последните парламентарни избори: Снежана Калевска Ванчева – СДСМ, Дафина Стојановска – ВМРО-ДПМНЕ, Арта Биљали Зендели – ДУИ и Сурија Рушиди од Алијанса за Албанците.
24 Анализа на 24 Телевизија