Брисел од среде Скопје со јасна порака – Европа очекува актуелниот парламентарен состав да го изгласа Законот за јавно обвинителство Ќе смогнат ли сила пратениците да ги остават настрана партиските интереси предизборно? Кампањата во Собранието наголемо тече, блокади, обвинувања, тапкање во место народните избраници во лов на пратеничко место на лидерските листи. Надвор од него пак министрите и дополнителните заменици секојдневно со обвинувања и контраобвинувања. Партиските штабови пак пуштени на најјако, анкети, комбинаторики, калкулации, a не изостанува ниту албанскиот блок. Зијадин Села ќе мора да бира меѓу Билал Касами или Африм Гаши. Tројната коалиција уште не направена, се растури. Сите прогнозираат победа, но кој ќе ја однесе на 12-ти април, но и дали победникот ќе успее да направи Влада?
Во 24 Анализа партиска дебата меѓу пратениците и членови на највисоките партиски тела на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Костадин Костадинов и Дафина Стојановска и генералниот сектретар на Алијанса на Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.
24 Анализа на 24 Телевизија