
24 анализа – Дали европскиот ветер во грб за Владата ќе даде резултати?
Од „заробена држава“ до земја назад на европската патека – клучот за европската врата е во Атина – Никос Коѕијас вели нема време до јуни да се најде решение – европските дипломати уверени дека европскиот ветер во грб за Владата ќе даде резултати. Очекуваат на тој пат власта и опозицијата да чекорат заедно – тоа на пратениците од собраниската говорница им го кажа и директно шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. Ќе смогнат ли сили раскараните опоненти, откако заеднички ги договорија законите, заеднички и да ги испорачаат резултатите, колку Заев може да смета на Мицкоски во преговорите за името, кога опозицијата вели дека е исклучена од процесот, дали бриселскиот извештај е „чиста петка“ како што се фали Владата или „преодна двојка“ како што тврди опозицијата. Зошто и понатаму останува „рак рана“ судството, администрацијата, корупцијата.
Дебатираат потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зеќири и пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.
24 Анализа на 24 Телевизија