Сите пукаат локално, а целат на Иинденска број 2. Изборите на 17 октомври – референдум и за Зоран Заев и Христијан Мицкоски, но и врата, преку која лидерот на oпозицијата планира да дојде до Илинденска број 2, а лидерот на власт да се зацементира во премиерската фотеља. Зијадин Села пак најавува ново парламентрано мнозинство, додека Али Ахмети единствено се чини фокусиран на најмногу на зачувување на општинската власт. Што е победа, а што пораз? Колку овие избори повеќе се историски за позициите на лидерите откоку на државата, дали Македонија фокусирана предизборно на проблемите за основен живот, како водовод, канализација, асфалт – ги занемари големите теми како вчерашната нова европска шлаканица?
Вечерва во тв 24 локалните теми низ призмата на централната политика. Дебатираат Бојан Маричиќ СДСМ, Владимир Ѓорчев ВМРО-ДПМНЕ, Арбен Таравари Алијанса за албанците и Крешник Бектеши ДУИ.
24 Анализа на 24 Телевизија