Ќе има или не попис догодина – политички договор меѓу власта и опозицијата нема, законското решение заглавено во Собрание – роковите газат. Политичка контаминација на статистичката операција – трпи економијата. Колку може да се верува на економските параметри. Експертите предупредуваат – политиката да ги избистри главите и да се одважи – попис мора да се спроведе. Кому и зошто му одговара земјава да ја остави без базичната статистичка операција скоро две децении?
Аргументите ќе ги соочат претставници на власта и опозицијата – Апостол Симевски, директор на Државниот завод за статистика, професор Драги Димитриевски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
24 Анализа на 24 Телевизија