Пациенти умираат во борба за воздух, семејства обвинуваат за медицинска негрижа, се поголем број на заболени бараат помош за да се лекуваат на приватни клиники, десетици пациенти дневно ја губат битката со вирусот во болниците во земјава. Македонија со најмногу починати во регионот. Колабира ли македонското јавно здравство, има ли системски пропуст во лекувањето на пациентите или само народот е виновен за состојбата? Што прават здравствените инспектори на терен? Како матичните лекари лекуваат пациенти? Каква е комуникацијата со инфектолозите и ковид – центрите?
Во 24 анализа со директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат д-р Ирина Сотирова Бухова и претседателката на Здружението на приватни матични лекари, д-р Лилија Чолакова Дервишова.
24 Анализа на 24 Телевизија