Односите власт опозиција на точка вриење, Собранието блокирано, тензиите растат. Дополнително односите Ковачевски – Мицкоски ги комплицираат македонско-бугарските преговори. Преговора ли власта за Гоце Делчев, како што обвинува опозицијата, колку декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ е само додавање масло на огнот и гол популизам? Можно ли е решение кое ќе биде достоинствено и кое ќе донесе деблокада на стартот на преговорите со ЕУ? Како ќе стигне Ковачевски до консензус за уставни измени на кои инсистира Софија, а како Мицкоски до предвремени избори на кои инсистира опозицијата -ќе биде ли тоа дилот?
Дебатираат потпретседателот на СДСМ – Стефан Богоев и Сашо Клековски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
24 Анализа на 24 Телевизија