Попис во Македонија – сага без крај! Ковачевски и Ахмети се фалат, Мицкоски, Села и Касами го оспоруваат, дел од помалите партии, но и заедници не го признааваат. И додека секој влече на своето Македонија се празни и старее. Се покажа ли повикот за бојкот како самоубиствен потег за Македонците? Добија ли сите шанса да се попишат? Ќе ја отворат ли еничките проценти пандорината кутија за нови етнички барања?
Бројот на издадени државјанства и вкупниот број нa население далеку од совпаѓање – останаа ли над 450 000 ниту административно непопишани? По 30 години во земјава се уште има Југословени-носталгија или револт за квалитетот на живот? Марсовци и џедаи-припадност како сатира на општеството или лична несериозност. Колку етничките проценти на резидентното и неризидентното население е политички дил и компромис меѓу Ковачевски и Ахмети, како што обвинува дел од опозицијата?
Во ТВ 24 политичка анализа на операција која секаде во сцетот е статистичка, а во Македонија политичка со Андреј Петров СДСМ и Илија Димовски ВМРО-ДПМНЕ.
24 Анализа на 24 Телевизија