Македонија денеска доби второ вето од Бугарија на Советот за општи работи на ЕУ. Скоро непостоечки се шансите за датум за прва меѓувладина конференција и покрај тоа што следните денови ќе се одржи Европски Совет. Пораз за Меркел или победа за Борисов? Германскиот министер за Европа Михаил Рот на денешната прес конференција изјави дека е лично разочаран, но Македонија да не се обесхрабрува и да бараплан Б. Ќе се работи за време и на Португалското претседателство.
Гости во 24 анализа се: Марија Ристеска – директор на Центар за истражување и креирање на политики, Иван Стефановски – извршен директор на ЕВРОТИНК и Малинка Ристевска Јорданова – Институтот за европска политика.
24 Анализа на 24 Телевизија