
24 анализа – Македонија доби покана за членство во НАТО
2018 ќе биде судбинска за Македонија по многу прашања. Годинава се затворија доста спорови со соседите, Бугарија и Грција, а се навестува и решавање на спорот со МПЦ со нејзиното меѓународно признавање. Денеска, Македонија од НАТО ја доби поканата, која е условена за целосно решавање на статусот, за целосно членство во Алијанската со финализирање на договорот околу името со Грција. По три децении, Македонија дојде до она што го зацртаа сите политички партии, членство во НАТОи Европската Унија. Дебатираат: Нано Ружи, поранешен амбасадор во НАТО, Лазар Лазаров, универзитетски професор и Илија Илиовски, иницијатива за внатрешни реформи во ВМРО-ДПМНЕ
24 Анализа на 24 Телевизија