Бура на македонската политичка сцена. Јавната кавга меѓу Христијан Мицкоски и Никола Груевски, тајната меѓу коалициските СДСМ и Алијанса за Албанците, но и кашата која им ја направи Али Ахмети прозивајќи ги и Заев и Груевски за тајни средби за амнестија преку измените на КЗ се чини ја доведе до ескалација состојбата? Кој е предавник, а кој патриот во ВМРО-ДПМНЕ? Ќе му ја подели ли партијата Груевски на Мицкоски и ќе го однесе политичка пензија или пак поранешниот генерален секретар ќе ја исчисти комплет ВМРО-ДПМНЕ од почесниот претседател? Колку и дали воопшто нешто ќе ќари СДСМ од кавгата во ВМРО-ДПМНЕ? Дали може власта да се сити на случувањата во опозицискиот двор додека и се ниша нејзиниот владин по заканите за оставка на министерот за правда? До каде е спремен Ковачевски да оди со амнестиите за да испазари 8 гласа? Дали евентуалната амнестија за осудените за 27 април ќе го извади Таравари од Илинденска?
Во 24 анализа дебата со оние што треба да го “голтнат” на крајот на денот она што нивните лидери ќе го “сварат”, Халил Снопче Алијанса за Албанците, Дафина Стојановска ВМРО-ДПМНЕ и Дарко Каевски СДСМ.
24 Анализа на 24 Телевизија