Зоран Заев се крсти во Ангела Меркел, Бојко Борисов пак не пропушта шанса да го оспори македонскиот идентитет. Колку минималните шанси за старт на преговорите можат да бидат реални? Дали Владо Бучковски е џокер во ракавот на Заев или пак само привид дека Владата прави нешто? Дали комисијата за историски прашања ќе го реши Гоце Делчев и ќе го отвори патот до Брисел? Опозицијата на улица – обвинува за национално предавство. Зошто власта се плаши од заедничка државна декларација со опозицијата? Колку уште едно европско вето ќе го однесе Заев во историјата?
Аргументите ги вкрстуваат Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Андреј Жерновски, екс- заменик министер за надворешни работи и член на ЦО на СДСМ.
24 Анализа на 24 Телевизија