Една недела кампања, името во фокусот на претседателските кандидати На надворешен план се чека јунскиот извештај со кој Македонија ќе треба да добие датум за старт на преговорите и уште една позитивна препорака. Од Брисел, порака дека треба да се заврши домашната работа. Во фокусот на изборната кампања е она што се случува во секојдневието. Ќе има ли власта цензус, ќе бојкотира ли опозицијата во вториот изборен круг? Дали ВМРО-ДПМНЕ брка победа на претседателскиот кандидат или легимитет на Христијан Мицкоски? Дали БЕСА и Алијанса работат на терен едни против други или едни за други? Ќе пукне ли тиквата помеѓу СДСМ и ДУИ на терен?
Гости се: Мухамер Зекири од СДСМ, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Арианит Хоџа од БЕСА.
24 Анализа на 24 Телевизија