„Нема правда, нема мир” – дали оваа парола која влеваше надеж кај граѓаните за време на протестите против претходната владејачка гарнитура сега ја губи смислата? Ја губат ли граѓаните надежта дека правдата во Македонија ќе биде еднаква за сите? Паѓаат случаите на СЈО? ослободителни пресуди за Латас и браќата, Јавното обвинителство го отфрла предметот на финансиската полиција за Канќевска Милевска. Дали метлата на премиерот ги смете вистинските луѓе? Има ли владата време за вистински реформинг?
Во 24 анализа дебатираат, професорката Мирјана Најчевска, адвокатот Звонко Давидовиќ и аналитичарот Исмет Рамадани.
24 Анализа на 24 Телевизија