Страв, стигма, вознемиреност – зад болничките врати, изолирани од семејството и најблиските. Кои се психолошките предизвици на пациентите со ковид во битката против вирусот. Изолацијата, карантините, затворањето во домовите, тешко ги поднесуваат поголемиот дел од граѓаните – во аптеките зголемена е побарувачката на антидепресиви. Психолошкиот притисок е најголем кај здравствените работници – во скафандери, со тешко болни, секој ден веќе десетти месец по ред во првите борбени линии.
Епидемијата го промени и животот на децата – наместо во училиште пред компјутер – речиси цела година едукација онлајн – изостанува ли психолошко педагошкиот дел во образованието – како наставниците, но и учениците се справуваат со епидемијата. Дали новото нормално е нормално? Ќе се врати ли некогаш животот каков што беше пред епидемијата?
ВО 24 анализа со доктор Васка Митова психијатар од Универзитетската клиника за психијатрија и со професорката Татјана Стојановска Иванова од Филозофскиот факултет – за тоа какви психолошки и социолошки траги остава коронапандемијата зад себе.
24 Анализа на 24 Телевизија