
24 анализа – Ќе побараат ли граѓанските организации од министерот да има лекови за сите?
Можна ли е транспaрентност во набавките со лекови откако министерот за здравство ги повика граѓанските организации да ги монитираат јавните набавки и да ги согледаат ризиците од корупција? Какво ќе биде нивното влијание? Дали организациите се спремни да вршат надзор, но и да сносат одговорност во случај на корупција или непотизам? Ќе побараат ли од министерот да има лекови за сите?
Во 24 Анализа, вечерва дебатираат Весна Алексовска, Здружение за ретки болести „Живот со предизвици“, Наташа Деспотовска Димитриевска, Здружение за детски дијабетес „Баланс МК“, Александар Петров, Здружение на граѓани „Раст“, Пепо Леви, Здружение на пациенти со хронична миелочна леукемија (ХМЛ).
24 Анализа на 24 Телевизија