
24 анализа – Ќе има ли референдум и дали тој ќе биде обврзувачки?
Македонија е подготвена за НАТО, но колку е подготвена да ја прескокне клучната пречка – спорот со името и по која цена? За Владата е прифатлива географска одредница, но колку ќе биде неизоставен дел од пакетот и промената на Уставот, ќе има ли референдум и дали тој ќе биде обврзувачки? Дали власта на сметка на коалициските интереси, ќе опстои на ставот Законот за употреба на јазиците да биде протуркан по секоја цена како што инсистира ДУИ? Можат ли да се оправдаат кадровските решенија во Министерството за одбрана?
Гостин во 24 анализа, потпретседателката на Владата и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.
24 Анализа на 24 Телевизија