Човечка грешка, за која бугарските обвинитечи тврдат дека имаат индиции, лоша сигнализација и инфраструктура, непочитување на законските прописи. Што однесе во смрт толку многу луѓе во Бугарија? Има ли осми преживеан патник и каде е, или пак како што тврдат македонските вештаци од Судска медицина, има остатоци и од 45то тело? Зошто мораше толку луѓе да заминат во смрт, за да царина да влезе на граничните премини? Зошто државата не ја научи лекцијата од пред само 3 години и случајот Ласкарци? Незаинтересираност, корупција, системски пропусти – кој ќе одговара?
Во 24 анализа вечерва разговор со директорката на царинската управа Славица Кутиров, како и анализа на професорите Борис Мурговски од Факултетот за безбедност и Зоран Јошевски од Битолскиот технички факултет кој што е и вештак за сообраќајни несреќи.
24 Анализа на 24 Телевизија