Од денеска исплата на повисоки пензии за 5,3 отсто. Најниските пензии зголемени за 700 денари. Дел од пензионерите продолжуваат со протести, бараат зголемувања за 3 500 денари. Што нуди државата, што бараат пензионерите, а колку и до кога може да издржи пензискиот систем? На нешто повеќе од двајца вработени има еден пензионер. На иста маса аргументите ги соочуваат власт и опозиција и пензионери.
Дебатираат Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ, Станка Трајкова од Сојуз на здруженија на пензионери и Трајче Станојков пензионер од Иницијативниот одбор за протести.
24 Анализа на 24 Телевизија