Во светот е статистичка операција, во Македонија политичка, во светот на една рака се бројат земјите кои 20 години не направиле пребројување на населението, за Македонија тоа е реалност од 2002. Сред пандемија од корона одржавме избори, дали ќе успееме и да се преброиме? Но и кој се ќе влезе во вкупната бројка? Колку декларацијата која ја предложи шефот на државата, за неменливост на Рамковниот договор и Уставот и во случај на намалување на бројките на етничките заедници – ќе биде клучот за реален попис? Како по дебаклот во 2011. до попис на кој што сите ќе му веруваат? Законот е во Собрание, власта чека амандмани, опозицијата преговори – ќе застанат ли заеднички зад оваа операција?
Една недела по Светскиот ден на статистиката, во 24 Анализа политичка дебата за статистичката операција попис меѓу Бојан Маричиќ, министер за правда и предлагач на Законот за попис и Илија Димовски, поранешен пратеник и шеф на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за истиот закон во минатиот собраниски состав.
24 Анализа на 24 Телевизија