Путин ја нападна Украина, ЕУ со нови санкции, се очекува обраќање на Џо Бајден, амбасадорот на ЕУ во земјава во интервју за ТВ 24 порачува дека Европа е обединета во санкциите. ЕУ стои зад суверенитетот на Украина, се сретнав со украинската амбасадорка, не планирам со рускиот – вели во интервју за ТВ 24 амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир.
Во 24 Анализа вечерва руската инвазија од сите агли, Марјан Ѓуровски, универзитетски професор од факултетот за безбедност, Ризван Сулејмани, поранешен заменик миниситер за одбрана и член на Евроатланскиот совет во Македонија и Мирче Адамчевски, новинар и долгогодишен дописник од Москва. За македонските позиции он-лајн вклучување на Бујар Османи, министер за надворешни работи.
24 Анализа на 24 Телевизија